Во просториите на Министерството за култура денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, меѓу досегашниот министер Асаф Адеми и новоименуваниот министер Хусни Исмаили.
Досегашниот министер Адеми му посака срдечно добредојде и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура на новоизбраниот министер Исмаили.
Новоименуваниот министер Исмаили вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за спроведување на проектите од областа на културата во интерес на сите граѓани во Македонија.
Новиот министер Хусни Исмаили ја презеде функцијата од Асаф Адеми, кој беше министер за култура од јуни 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.