На еден месец до „Здраво млади“ Младинскиот културен центар (МКЦ) го најавува Пеки Пеле, кој со музика почнува да се занимава уште во инкубатор, но со сериозна намера за издавање плочи од 2015 година. Вниманието на пошироката јавност го добива по првото негово издание Deguté за колективнот „više manje zauvijek” од Загреб, во друштво на Свемирко, Фантом, Џутко… и други артисти што гравитираат кон оваа етикета.
Иако Пеки Пеле се труди да биде мистериозен и не го открива својот вистински идентитет. Меѓу редови, во неговата биографија се навестува дека се работи за личност со фина смисла за хумор и човек што слуша широк спектар на музика. Сам за себе вели дека во стилот на својата домашна продукција комбинира танцувачки поп со панк-естетика, поради кој не го прифаќаат ниту поперите, ниту панкерите, а ние пак веруваме дека скопската публика широкоградо ќе го прифати овој талентиран млад музичар, кој во својот музички израз длабоко навлегува во synth pop/new wave сензибилитетот на 80-тите години од минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.