По повод 75 години од ослободување на Скопје, НУ Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со Кинотека на Македонија и ООУ “Аврам Писевски“ с. Бардовци на 13 Ноември (среда) во 12 часот го организира мултимедијалдниот настан „Наративни приказни за градот Скопје“, соопштија од Музејот.
На настанот ќе говори Данило Коцевски, хроничар и раскажувач за градот, а ќе настапи и хорот од ООУ “Аврам Писевски“ с. Бардовци. Програмата ќе биде збогатена со емитување на документарни филмови од периодот по ослободувањето на градот Скопје од Кинотека на Македонија. Модератор на настанот е Ана Вишинова, историчар и едукатор во Музејот на македонската борба.
Пред 75 години, Скопје било ослободено од германските окупаторски воени единици. Утрото на 12 ноември 1944 година, започнале борбите за конечно ослободување на градот Скопје. Партизаните од 12-та, 3-та и од 16-та Македонска бригада се спуштиле од Водно и по деноноќните борби ги протерале и последните германски војници од градот. Утрото на 13 ноември со коњи промарширале низ градскиот плоштад каде што граѓаните ги поздравиле со цвеќиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.