Годишната програма за култура за  2020 година, одобрена од Министерството за култура, предвидува гостување на претставата „Вардарски пастуви“ во ноември оваа година во Австралија.

„Вардарски пастуви“ на режисерот Синиша Евтимов, е една од најбараните претстави во НУ Театар Комедија – Скопје и претстава која ги руши рекордите во гледаност на ниво на целата држава. Претставата и годинава ќе гостува во речиси сите градови низ нашата земја, а до јубилејната 100. изведба ја делат уште само неколку изведби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.