Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA) официјално e отворена групна изложба со наслов „Пиперка”.

На изложбата се претставени дела на тројцата македонски уметници: Решат Амети, Сергеј Андреевски и Емил Шулајковски, а нивни гости ќе бидат уште седуммина уметници: Памела Тол, Гејл Тастин, Ерика Харис и Кејт Синклер од САД; Мариа Павловска и Роберт Дандаров – македонски уметници кои живеат и творат во САД и Воскресија Андреевска која воедно е и дизајнер на плакатот.

Пиперката е производ што доминира во македонската кујна. Присутна е како основна храна и како додаток на јадењето, зачин. Блага, малку лута и лута – токму онаква каков што е и животот што денес сите ние го живееме. И гостите уметници од САД имале можност да ја вкусат нашата пиперка, а покрај неа и нашата култура. Но, сите тие, и во својата земја, на различни начини се соочуваат со лутината на пиперката, на животот!, изјави Сергеј Андреевски, куратор на проектот.

Изложбата ќе биде отворена до 28 мај и е поддржана од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.