Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, оваа 2019 година, се прошири и збогати со групна тематска изложба, за чија подготовка и остварување помогнаа кураторите од Македонија и Бугарија – Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов.

По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од Македонија (Ибрахим Беди, Роберт Јанкулоски, Атанас Ботев, Ацо Станкоски, Исмет Рамиќевиќ, Шќипе Мехмети и Колектив Зеро) и Бугарија (Десислава Христова, Генади Гатев, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев, Свилен Стефанов и арт дуетот ninavale – Нина Ковачева и Валентин Стефанов).

Идејата, за поврзување на творештвата на авторите од двете земји, наиде на поддршка од страна на Министерството за култура, а реализацијата на изложбата во Пловдив е во партнерството со институтот Стар Пловдив во Пловдив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.