Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вчеравечер се одржа авторски концерт на композиторот, аранжер, инструменталист и диригент Џијан Емин со оркестар од класични и џез музичари. Гостиварци имаа ретка можност да уживаат во 70 минутен несекојдневен музички настан и интересна, неконвенционална програма.
Концертот беше насловен „Нова ера на класична музика“.
Многу ми е драго што имаме прилика да бидеме овде во Гостивар, особено затоа што ретко настапуваме во други градови, рече Емин Џијан на почетокот на концертот, преку кој, не само што пренесе врвно музичко доживување, туку и многу позитивна енергија.
Оркестарот кој настапи во Гостивар беше составен од членови на македонската филхармонија и на Здружението на џез музичари. Како гостин учествуваше гитаристот Арменд Џафери од Приштина, Косово.
фото: Гостиварпрес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.