Општина Центар ќе подигне споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало. Иницијативата за споменикот ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Советниците на Општина Центар ја усвоија иницијативата на Македонската академија на науки и уметностите за поставување на спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’, соопштија од Општина Центар.

Горан Стефановски почина во ноември минатата година во Англија, на возраст од 66 години, по кратко, но тешко боледување.

Горан Стефановски е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот. Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцени и низ Европа. Зад него остануваат антологиските ,,Диво месо“, ,,Тетовирани души“, ,,Дупло дно“, ,,Лет во место“ и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.