Македонскиот скулптор и професор на ФЛУ, Жарко Башески, ќе претстави две свои дела на интернационалната концептуална изложба која ќе се одржи во Кралската палата во Милано под насловот “Corpus Domini: Dal corpo glorioso alle rovine dell’anima“, со потпис на реномираната италијанска кураторка, Франческа Алфано Миљети.
Изложбата, која за публиката ќе се отвори на 27 октомври оваа година, а ќе трае до 22 јануари 2022, е во организација на Кралската палата и Општина Милано, со поддршка од издавачката куќа Marsilio Arte и Tenderstories.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.