Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).
Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.
Конески е везилка на македонскиот правопис, сеизмограф на граматиката на македонскиот литературен јазик, стерна на првиот речник на македонскиот јазик и златоврв во историјата на македонскиот јазик.
И ако некој случајно се обиде да го негира македонскиот јазик во 21-от век, доволно е само да се цитира великанот на македонската лингвистика: „Она што го гледаме како историски факт пред себеси не можеме да го негираме со разумни аргументи“.
Премиерот Зоран Заев денеска ја посети родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.
Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година, рече Заев додавајќи во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.