Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ правеше кастинг во Битола за потребите на филмот „Сирена во Париз“ со шпанската актерка Роси де Палма и французинот Ерик Кантона кој ќе се снима на локации во Битола и во Скопје, објави телевизија Тера.

Голема посетеност и интерес пројавија идните учесници во филмот. Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ се и копродуценти на овој филм, а режисерката Теона Стругар Митевска, која го правеше кастингот, како што вели со оглед на тоа дека Битола е филмски град, не очекувале толку голем интерес.

Долго време разгледувавме локации за снимањето на филмот, па на режисерот најмногу му се допадна битолската клиничка болница, каде и ќе се снима филмот, посочи Митевска

„Сирена во Париз“ е бајка и љубовна приказна, опиша во кратки црти Теона Стругар Митевска.

Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, потоа во Скопје, а подготовките за филмот „Сирена во Париз“ се интензивни, вели Митевска.

 

Филмот „Сирена во Париз“ е француско-белгиско-македонска копродукција, комплетно дистрибуиран од „Сони Пикчрс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.