Националната установа Народен театар – Битола донесе одлука според која од денес големата сцена во тој театар го носи името на актерот и долгогодишниот директор Благој Стефановски-Баге кој неодамна почина.

На комеморативна седница што денес се одржа во Битола, уметничкиот директор Илина Чоревска ја соопшти одлуката која беше поздравена со долготраен аплауз.

Ми претствува ограмна чест да соопштам дека оваа сцена на која што денеска стоиме, позната како Големата сцена на НТБ од денес ќе го носи името „Благој Стефановски Баге“. Одлуката е во чест за се што го направи за нашиот Народен театар, за оваа сцена и за неговата неисцрпна борба во сите години наназад, истакна Чоревска, а веднаш потоа присутните со долготраен аплауз му одадоа почит на Баге.

Благој Стефановски – Баге почина на 3 декември, на 67 годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.