Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци последната недела од 2020 година ќе ја заокружи со два настани.
Во понеделник, на 28 декември 2020, со почеток од 12 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) на која членови на ДЛУК ќе се претстават со дела од нивните најнови работни циклуси.
Во вторник, на 29 декември 2020, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата“Иван Мазов – Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја прикаже Новогодишната претстава “Дедо Мраз и куклите“- Автор на текстот и режија Александар Малинков. Играат: Александар Малинков, Диме Боцев, Микица Илова, Сијче Трајкова, Стојанче Ванѓелов, Смилја Бошкова, Сашко Орешков, Ангел Милков и Кристина Јованова. Балетски точки: Балетско студио “Венус“.
Претставата ќе се прикаже online на ФБ страната и ФБ профилот на Домот на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.