Членовите на фото клубот „Чкрап“ од Тетово вечер во 20 часот ја организираат традиционалната годишна изложба на фотографии. Ова е 18-та изложба на фотографии кои тетовската публика прв пат ќе има можност да ги види во новата управна зграда на Музејот на тетовски крај, поранешен Дом на Армијата.

Како и секоја година се преставуваат 20 -тина члена со 30-тина фотографии. Оваа изложба е можност да се прикаже работатата на нашите членови во изминатата година, а темата е слободна, односно авторите самите бираат каква фотографија ќе изложат, информираше Зоран Андонов член на клубот.

Фото клубот „Чкрап“ е основан во 2003 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.