Владата на вчерашната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.
Еден од овие проекти е и Универзалната сала во Скопје, која веќе две години е затворена за посетители, а сега се предвидува годинава да се почне со изградба.
Евидентно е дека последниве години во Скопје недостига простор за манифестации за 1.000 и 5.000 илјади луѓе. Тоа се компензира со салите во Филхармонија, Операта, Македонскиот народен театар и другите театри излегуваат во пресрет за да се надомести овој недостиг, но тоа создава дополнителни предизвици во нивната редовна дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.