Неодамнешниот бокс-офис хит во Германија, инспиративната комедија „Тегла полна живот“ на ѕвездата Јела Хазе од 07.03.2019 се прикажува во домашните киносали.
Хазе ја игра Марлен, млада жена чијшто живот сѐ уште не почнал. Веќе во своите рани дваесетти, таа сѐ уште живее со родителите и нема никакви цели и аспирации. Заглавена во
монотонија од којашто не гледа излез, дури и нејзиниот сакан постар брат не може да ја спаси од
нешто што ѝ личи на вечна криза. Кога ќе ја разбуди една лична трагедија, Марлен тргнува во
авантура за којашто очигледно не е спремна: брод ја чека во Хамбург за да ја однесе до
Антарктикот. Но, како ли ќе стигне до таму со само осум евра во џебот? Тоа е почетокот на едно
епско патување, кое е исто толку духовито колку и емотивно.
Филмот е во режија на Флоријан Рос и трае 95 минути. Официјална премиера имаше минатата година во Германија.
Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“, а дистрибуцијата е поддржана од „Герман филмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.