На 24 октомври, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, ќе се прикажува вториот од серијата германски филмови на тема силни жени/ жени за пример- „Туѓинката“ (DIE FREMDE) на режисерот Feo Aladag/ Фео Аладаг, во боја, 119 минути, 2010

Мислиме дека приказната ни е позната од вестите, но на режисерката, продуцентка и сценаристка Фео Аладаг во нејзиното кино- првенче, кое го одзема здивот- „Туѓинката“ и успева да прикаже повеќеслоен и потресен семеен портрет, далеку од клишеата.

Умаи живее заедно со својот сопруг Кемал и синот Џем во едно предградие на турската метропола Истанбул. Кемал редовно има изливи на бес кон својата сопруга и синот. Кај Умаи избива нескротлив копнеж за нејзиниот дом Берлин и нејзините родители: очајна, Умаи ги пакува своите работи и бега од својот живот во Истанбул и од бракот со сопругот.

„Престани да сонуваш!“, и префрла еднаш мајка и, сестрите се плашат дека и нив ќе ги одбегнуваат поради „гревот“ на сестра им, а таткото Кадер си посакува, неговата драга ќерка „да беше родена како момче“.

На самиот почеток на филмот се добива претпоставка за ужасниот крај. Кога ќе се погледнат првите две минути од филмот човек мисли дека ја знае појдовната ситуација. Меѓутоа потоа има еден дел, приказната се враќа назад и го развива дејството се до оној момент кој на самиот почеток ни ја всади таа застрашувачка претпоставка. И тогаш, во тој момент кога се создава таа претпоставка, се гледаме себеси соочени со излезот од драмата, кој е уште потрагичен отколку што се плашевме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.