Градоначалникот Константин Георгиeски денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во државава, Анке Холштајн, која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за последната одлука на Комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО и сите активности кои Општина Охрид ги презеде за зачувување на уникатните аспекти на Охридскиот регион. Амбасадорката Холштајн ги поздрави посветеноста и заложбите на градоначалникот Георгиески за исполнување на препораките на УНЕСКО и владеење на правото.
Градоначалникот ја запозна амбасадорката со плановите кои ги има Општина Охрид за уредување и стопанисување со крајбрежјето на Охридското Езерo, како и за сите идни активности кои треба да бидат прeземени во текот на наредниот период за исполнување на препораките.
Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, како и актуелните епидемиолошки состојби со ковид кризата, кои значително го погодија овој стопански сектор. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можнстите за соработка во делот на подготвување на проекти и обезбедување на финансиска поддршка, за изградба на пречистителни станици во Трпејца и Љубаништа.
Исто така, на средбата беше разговарано и за локалниот економски развој и придонесот на германски инвестиции во делот на отворањето на нови работни места и подигнување на животниот стандард во Охрид. Амбасадорката потенцираше дека германските инвеститори имаат голем интерес за вложување и отварање на нови производствени капацитети во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.