Познатиот македонски музичар, Гаро Тавитјан се присети на деновите поминати со Славиша Кајевски. Седеле заедно во школска клупа. Вели Неверојатен талент и капацитет на повеќе полињаа
Мој соученик во исто одделение во основното школо Владимир Илич Ленин (Гоце Делчев) во центар. На еден час по Македонски јазик седевме заедно и добивме училишна задача да напишеме расказ. Славиша со темпераментен дух заинтересирано духовито се занимаваше со соучениците и скокотливи шали, тивки насмевки кои одат кон тивка кулуминација (за да не те слушне наставничката) и дојде моментот кога наставничката го примети Славиша дека ги анимира и засмејува соучениците и го крена токму него на час да го прочита својот расказ. Јас ја погледнав неговата тетратка во тој момент и гледам дека освен наслов и училишна работа друго нема ништо на хартијата, нема текст и нема расказ. Славиша станува и јас помислив дека сега ке каже дека нема напишано ништо и ке се извини но тој почна во момент да рецитира и да чита од празната голема тетратка еден најпрекрасен расказ и тоа течно и со бујна имагинација во самиот момент, неверојатен расказ.Неверојатен талент и капацитет на повеќе полиња.Урбан градски лепотан. Математика му одеше многу јако како предмет, беше ученик со генијална интелегенција, човек син на воено лице и дисциплината му беше императив во секоја смисла а ведриот дух и харизма незаменливи. Потоа животот ни отиде на различни страни (се отвори светот за да се одпатува во секоја смисла со телото и духот и тоа на сите ни го одзема времето) и иако не бевме во честа комуникација секогаш кога ке го видев на некој настан се подсетувавме на деновите во основно. Гледав театарски престави со Славиша бидејки еден период правев музика за престави и Славиша како култен актер беше секогаш секаде обожаван и присутен. Другару драг непреболен и легендо почивај во мир 🙏
Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Замина прерано, на само 39 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.