Етаблираниот британски дневен весник „Гардијан”, ги објави прогнозите на својот авторитетен филмски критичар Питер Бредшоу за тоа кој од номинираните ќе успее да освои Оскар.

Според Бредшоу, во категоријата за Најдобар документарен филм победникот ќе биде „Медена земја”, што носи дополнителна позитивна еуфорија кај домашната публика на ден пред најзначајната манифестација во филмската индустрија.

Во однос на другите категории, филмскиот критичар прогнозира дека златната статуетка за Најдобар филм ќе ја освои филмот на Сем Мендес „1917″, за најдобар актер Оскарот ќе го добие Хоакин Феникс од „Џокер”, а за најдобра актерка Рене Зелвегер за „Џуди”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.