Францускиот институт во Скопје, во соработка со МКЦ организира гала филмска вечер со премиерата на „Франс“ (2021) на Бруно Димон, со Леа Сејду, Бланш Гарден, Бенжамен Бјоле, в среда, 1 декември 2021, со почеток во 20 часот, во кино „Милениум“.

„Франс“ е портрет на младата Франс, жена, а воедно и телевизиска новинарка, Французинка која му припаѓа на цел еден изграден систем, оној на медиумите.

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

Филмот е со превод на македонски јазик.

За да присуствувате на гала филмската вечер, треба да резервирате бесплатни билети на следната мејл адреса: culture@ifs.mk

Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.