Македонската писателка Фросина Пармаковска е овогодинешниот претставник на Македонија на Саемот за книга во Лајпциг кој ќе се одржи од 21 до 24 март. На нејзиното гостување кое е во организација на фондацијата „Традуки“ денеска ќе го промовира својот последен роман „Одбројување“ преку разговор и актерска интерпретација на дел од книгата што беше преведен за потребите на промоцијата. Во вториот дел од гостувањето, в сабота, на 23 март Пармаковска ќе учествува на т.н. „балканска вечер” со цел промоција на литературите од регионов, како и културна размена.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“. Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Преведен е на бугарски и украински јазик. „Одбројување“ (2017, Или-Или) е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.