Францускиот институт во Скопје денеска, со почеток во 10 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (свечена сала), организира предавање на двајца еминентни гости од Франција, г-дин Жан-Лук Коаталем, новинар и писател, и Рони Демеснер, библиотекар и историчар.

Предавањето на двајцата автори, посветено на патописната книжевност, носи наслов „Сегален и Рембо, вкрстени портрети“.

Во холот на Филолошкиот факултет во Скопје ќе биде отворена и изложбата „Патување во слики“ на Никола Бувие. За оваа посебна прилика, библиотеката од Женева ни става на располагање документи за овој значаен швајцарски писател и патописец.

Настанот е дел од серијата настани во знак на одбележување на Франкофонијата, кои се посветени на делото на швајцарскиот автор, патописец и режисер, Никола Бувие, а се организира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.