Француско-белгиската драма-трилер „Титан“ на режисерката Жулија Дукурно ја доби „Златната палма“на 74. Кански филмски фестивал. Триесет и седум годишната Французинка Дукурно е втора жена режисер што ја освоила престижната „Златна палма“ по Џејн Кампион во 1993 година за „Час по пијано“. На француската режисерка наградата ѝ ја врачи американската актерка Шерон Стоун.
Во „Титан“ главните улоги ги толкуваат Винсент Линдон и Агата Русел. Филмот е опишан како необичен, полн со секс и насилство. Филмот, кој е втор во кариерата на француската режисерка, зборува за една млада жена која преживеала сообраќајна несреќа како дете, а подоцна во животот станува убиец и негува необична сексуална врска со автомобилите.
Гран-при наградата, пак, ја поделија Асгар Фаради за филмот „A Hero“ од Иран и Џухо Куосманен за „Compartment No.6“ од Финска. Наградата за најдобра режија отиде кај Леос Каракс за филмот „Анет“ од Франција, за најдобра актерка беше прогласена Рената Риенсвеј за остварувањето во филмот „Worst Person in the World“ од Норвешка, а за најдобар актер Калеб Ландри Џонс за „Nitram“ од САД. За најдобар дебитански филм наградата ја доби Антонета Кусијановиќ за „Мурина“ од Хрватска.
Награда за најдобар краток филм ја доби Танг Ји од Хонг Конг, за All the Crows in the World. Во оваа категорија беше номиниран и нашиот „Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.