Францускиот институт во Скопје организира проекција на филмот „Како вистински момчиња“, в петок, 22 февруари 2019, во 21 часот, во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките циклусот „Современ француски филм“ на месечниот француски кино-клуб во Кинотека.

Се работи за филм на Жилиен Алар од 2018 година, со Макс Бублил, Ванеса Гиг и Солен Рого во главните улоги. Весникот „Le Parisien“ го нарече „филм со фантастичен дрим-тим“.

Дејството се одвива во Ренс, во 1969 година. За време на годишната забава за вработените во дневниот весник Ле Шампеноа, Пол Кутар, којшто е непоправлив заводник и спортски новинар во редакцијата на весникот, одлучува да организира фудбалски меч во женска конкуренција за да му се спротистави на директорот. Неговата најголема непријателка и секретарка на управникот, Емануела Бруно, е принудена да му помогне. Без да знаат, двајцата ќе учествуваат во создавањето на првиот женски репрезентативен фудбалски тим на Франција.

Филмот е со превод на македонки јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.