На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедмија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јавува дописникот на МИА од Париз.

Плевнеш живее и твори во Париз повеќе од три децеии, автор е на десетина драмски дела пишувани на француски јазик и играни во Европа и во светот. Неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“ за која пишувале водечките светски медиуми Њујорк тајмс и Гардијан, во рамките на Балканската трилогија, заедно со делата на Данило Киш и Мирко Ковач, е играна во 120 театри во Франција.

Плевнеш е автор и на два романи на француски јазик, од кои првиот „Осмото светско чудо“ е објавен од Table ronde – Gallimard, а вториот роман, „Романот за Тајната книга“, кој заедно со македонско-францускиот игран филм е претставен на голем број водечки фестивали во светот.

Плевнеш исто така перманентно објавува авторски текстови во Ле Монд, Ле Фигаро, Ла Краа, Либерасион, и во врвни научни списанија. Неговите текстови и драми се објавувани и поставувани во поголем број членки на Интернационалната организација на франкофонија.

Во француската ревија Documentation Francais, Плевнеш е автор на обеменото научно истражување за покренувањето на дваесеттина ревии на француски јазик во европските метрополи, од страна на македонската интелигенција, која сонуваше за македонска самостојна држава во заедничкиот европски дом.

Француската академија ќе му ја додели наградата на Плевнеш на 2 декември 2021, под „Куполата на бесмтрните“ – како што се нарекува Француската академија, а лауреататот се очекува да биде придружуван од претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев и потпретседателот на МАНУ, Живко Попов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.