Денес по повод одбележувањето на Денот на архивите и архивистиката поставена изложба на фотографии во „Аквариус“ на кои е прикажано како во минатато во Охрид се славел 1 април, Денот на шегата и 21 март, денот на пролетта.
Директорот на Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, Никола Митровиќ Бабе вели дека целта е преку изложбата да се направи една симбиоза помеѓу тоа како дечињата ги славеле овие денови во минатото и како денес.
Како денес го слават децата 1-ви Април можеме да видиме на градскиот плоштад, но како го славеле во минатото можеме да видиме преку архивистички документи односно низ фотографиите преку една интересна изложба во којашто навистина деца се претставени како се маскирале во минатото. Фотографиите се од нашиот познат фотограф Коста Андоноски, чие значење и труд кој го имаме во нашиот архив е доста големо не само за Охрид, туку и за поширокото поднебје. А, денес токму и неговите документи и фотографии сведочат како на времето се чествувал овој ден, детска смеа, детски игри. Упатувам и еден апел секој кој ќе си ги пронајде своите предци или ќе си се пронајде себе си, слободно да се обрати кај нас во подрачното одделение во Охрид, каде што ќе можеме да ги пополните тие податоци. Фотографиите датираат од 1965 година, а имаме дел и постари фотографии, додава Митровиќ Бабе.
По повод одбележувањето на Денот, а во насока и на оставрување на соработка која во иднина би прераснала во традиција присутни беа и раководителите од Подрачните одделенија на Државниот архив од Прилеп и Битола.
Гоце Стојановски в.д раководител на Подрачното одделние на Државниот архивот од Битола истакна дека фотографскиот материјал кој го има Охридскиот архив, но и тоа што го има општо низ архивските збирки во другите подрачни одделенија, како што е на пример и Фондот Манаки во битолскиот одделение претставуваат навистина еден убав приказ и документ за секојдневниот живот на луѓето, за настаните дали ги гледаме од историски или етнолошки контекст.
Имаме една широка палета на фотографски материјал која го отсликува минатото на еден поинаков начин. Интересна можност луѓето да видат многу детали. Ако документот е документ и има содржина, тука читам и многу други работи. Изложбата е одлична. Кај нас се среќава исто и во Битола дека се одбележувале вакви празници и од 20-тите и 30-тите години, а карактеристични биле и тие максмбали кои често пати во Фондот Манаки ги среќаваме и се во некој поголем обем работени во тој меѓу воен период. Но, и во тој повоен период, таа традиција гледаме дека продолжила, рече Стојановски.
За посетителите беа обезбедени и бесплатни примероци од книгата „АРХИВ(ИСТИКА) на доц. Д-р. Никола Митровиќ Бабе и примероци од изданието на „Македонски архивист“.
извор: Охридњуз.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.