Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена продажна изложба „Nos Creare” на 28 уметнички фотографии направени на различни локации во земјава од деца учесници на фото-сафари работилници.
Собраните средства од продадените фотографии ќе бидат наменети за купување фотографска опрема и компјутери кои ќе помогнат да продолжи учењето нови вештини и креирањето нови дела.
Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери. Оваа работилница за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Нашата цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација, соопштија организаторите Ладислав Кинг и Вертиго креатив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.