Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ во соработка со Македонскиот национален комитет на ИКОМ, информираа дека организираат форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“.

Целта на форумот е преку отворена дискусија да се нотираат недостатоците, слабости и механизмите на превенција и заштита на културното наследство.
За кривично-правниот аспект на заштитата ќе говори јавен обвинител Маја Коневска од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје, додека за „Археологија vs „дивокопање“ ќе говори м-р Перо Арџанлиев од НУ. Археолошки музеј на Република Македонија. Модератор на настанот е Оливера Џартовска Тачевска – претседател на МНК Син штит.
Форумот се реализира со поддршка на Министерството за култура, а ќе се одржи во Сули-ан на 7 октомври 2021г. (четврток) со почеток во 12:00 часот, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.