Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија го објави четвртиот награден литературен конкурс „Раскажувам фотографија 2023“.

Секој петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија, во минатото.

Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои допринесуваат соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите

Пропозиции:

– Расказите да не бидат подолги од 100 реда (три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери)
– Расказите да не биле досега објавувани или да биле во конкуренција во предходните конкурси „Раскажувам фотографија“
– Во расказите да има елементи од јудаизмот
– Право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано.
– Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три раскази.

Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“

Конкурсот почнува со објавување на првата фотографија и тема, на 15.09.2023 година на денот кога започнува нова година за Евреите и празникот Рош Хашана. Последната, десета фотографија ќе биде објавена на 27.10.2023 година, а сите автори ќе можат да праќаат творби до 03.11.2023 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20.11.2023, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 08.12.2023 година – на првиот ден од празникот Ханука.

НАГРАДИ:
Прва награда – 25 000 денари
Втора награда – 15 000 денари
Трета награда – 10 000 денари

Расказите ќе бидат жирирани од стручни лица и докажани автори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.