Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со раководството и со членовите на Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“.
На средбата, на министерот за култура Адеми му беше врачена благодарница за поддршката која Министерството за култура ја дава за овој реномиран ансамбл. На средбата, меѓудругото, стана збор за досегашните активности на овој ансамбл, кој низ годините е активен промотор и афирматор на македонската фолклорна традиција, како и за идните негови настапи.
Во рамките на својата редовна дејност, работејќи со 12 фолклорни групи, Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ во изминатиот период реализирал многу премиерни кореографии, сценски адаптации, ора и песни, изработка на нови и реставрација на постојните носии за потребите на овие групи. Ансамблот одржал и многу концерти и настапи на домашната сцена, како и во странство.
Во рамките на затворањето на манифестацијата „Вапцарови денови“ на 23 декември, Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ ќе го одбележи и својот 40-годишен јубилеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.