Игор Иванов – Изи, режисер и претседател на ДФРМ смета дека, за жал како минува времето, физичкото одржување на Фестивалот „Браќа Манаки“ станува се понеизвесно.

По откажувањето на три огромни фестивали од кои Манаки црпи програма, се соочуваме не само со проблем на физичко присуство во Битола, туку сега и со програма. Поголем дел од од нас кои сме вклучени во организација на „Браќа Манаки“ сметаме дека фестивал има значење на физичко присуство и сметаме дека на поголемите фестивали не им приличи да прават он-лајн изданија. Тоа е можеби добро за малите фестивали, додека големите треба да ја зачуваат формата заради која суштински постојат, изјави Игор Иванов – Изи за „Утрински брифинг“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.