Град Скопје и МКЦ соопштуваат дека денес и утре (22 и 23 мај) ќе се одржуваат филмски и музички вечери на кровот на Дом на културата „Кочо Рацин“, попознат како Дом на градежници.
Музичката програма започнува во 18:30 часот, а филмската во 20 ч. Влезот е бесплатен и ќе биде реализиран по принцип „прв дојден – прв услужен“.
Денеска на зелениот кров ќе има концерт на Дуња Иванова, а потоа и проекција на филмот „Викенд со тато“ од режисерот Мирослав Момчиловиќ.
На агендата за утре, пак, е диџеј сет на Зоки Бејбе, за потоа да се прикажува „Направено во Италија“, филм на Џејмс Д’Арси.
Настаните ќе бидат реализирани според протоколот за организирање настани на отворен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.