Жителите на Берлин можат да гледаат филмски проекции на фасадите од зградите по неколку недели карантин кој беше воведен во борбата против коронавирусот.

Овде имаме бел ѕид и секогаш мислевме да проектираме филм, рече Карола Лаутер која побара од  “Vindoufliks” (Windowflicks), кои ги организираат филмските проекции.

Проектот го поддржаа локалните кино сали и на фасадата во дворот на зградата го прикажаа филмот “Loving Vincent”, анимиран филм за животот на уметникот Винсент Ван Гог.

Така жителите на соседните згради може да гледаат филм кој се прикажува на ѕидот од зградата. Карола Лаутер рече дека има летаргија, страв и незивесност по неколку неделе карантин.

Луѓето се мошне чувствителни така што помислив дека за нив би било добро да им се понуди нешто позитивно и окрепнувачки, рече таа.

Жителите на зградите од своите балкони или прозорци навечер може да гледаат и да уживаат во филмовите, а претставникот на “Vindoufliks”, Олаф Кархоф рече дека покрај проекција на филмови планираат и концерти во дворовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.