На 19 февруари, со почеток од 20:30 часот, во кафе Котур ќе се одржи филмска вечер на остварувања продуцирани од Центарот „Данаил Станојески“, Академијата за филм „ДАСТА“.

Ќе бидат прикажани шест филма на нови автори и тоа: „Мојот татко“ и „13 мај“ на Ирма Башеска Ристовска, „Да се биде Максут“ на Нихал Бејадин, „Кукачот“ и „Ама јас те сакам“ на Загорка Поп-Антоска Андовска и „Услов“ на Даниел Шикоски. Најголемиот дел од овие филмови се продукт на Мастер клас програмата на проф. Владимир Блажевски, со соработник на сценарио Дејан Дуковски.

Документарниот филм ‘Мојот татко’ го следи македонскиот скулптор Жарко Башески испреплетувајќи го творештвото и приватниот живот во своевиден конфликт раскажан низ очите на неговата ќерка Ирма Башеска. ‘Да се биде Максут’ се занимава со животот на актерското семејство Максут низ три генерации актери, во три сосема различни времиња и контексти за работа допирајќи афирмативно до мултикултурни и мултирелигиски теми. Играните филмови, пак, се занимаваат со актуелни и горчливи теми, посебно значајни за младите кои денес се соочуваат со екстремни емоции и комплицирани животни предизвици кои честопати, за жал, остануваат премолчени, ќе посочат од ДАСТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.