Филмска вечер на 27.02.2020, во 20:00 часот ќе се одржи во Кинотека на Македонија. Ќе се прикажува првиот од серијата германски филмови на тема „​различности“ (Diversity)- ТРОЈКА на режисерот Том Тиквер. 35mm, боја, 119 минути, 2010. Режија и сценарио: Том Тиквер. Улоги: Софи Роис, Себастијан Шипер, Девид Штрисоу, Ангела Винклер, Анедоре Клајст.

Нивната врска за дваесет години малку се олади; се чини дека Хана и Симон живеат повеќе од минатото отколку од вербата во заедничка иднина. Потоа се заљубуваат во истиот маж, и ниеден од нив не знае за сексуалните авантури на партнерот. Кога вистината ќе излезе на виделина, триото ќе најде изненадувачко решение.

Тројка е сосема провокативен филм, и тоа не само поради проживеаната бисексуалност на Адам Борн, чие име би требало да се сфати сосема дословно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.