Во Кинотека на Македонија, Гете-институт Скопје организира филмска вечер која ќе се одржи на 14.03.2019 со почеток во  20 часот. На филмската веќер ќе биде прикажан германскиот филм „Што останува“.

Режија: Ханс-Кристијан Шмид, 35мм, во боја, 88 мин., 2012

Во филмот „Што останува“ станува збор за сосем вообичаена посета кај родителите за време на викенд. Ова е ситуација што секому добро му е позната. Во филмот „Што останува“ на Ханс Кристијан Шмид, се продира во секојдневието на цела една фамилија, кај која, и покрај сите напори да се задржи убавиот сјај, фасадата на култивирано граѓанство одамна покажува пукнатини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.