На 30 јануари, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи филмска вечер во соработка до Гете институтот. Ќе се прикажува првиот од серијата германски филмови на тема различности“ (Diversity)- НА ИСТА ВИСИНА на режисерите Ефи Голдбрунер, Јоахим Долхопф.
Михи не е многу среќен во домот за деца без родители, каде е сместен по смртта на неговата мајка; за остатокот од семејството нема поим. Кога десетгодишникот наоѓа писмо од неговата мајка за неговиот наводен татко, добива нова надеж. Тој го бара и го наоѓа, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја створило за својот татко. Том, од друга страна, кој нема поим дека има син, е со џуџест раст. Тоа не ги одминува ниту другите деца од домот; Михи станува цел на нивниот потсмев. Тоа ја загрозува неговата врска со Том; згора на тоа, вработена во службата за заштита на млади бара да се направи тест за докажување на татковство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.