Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград на 11 јуни ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков. . Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на фестивалот со акцент на Македонија.

Фестивалот Докенритам, кој е фестивал за музички документарни филмови, ќе се одржи во Студентскиот град во Белград од 8-11 јуни и чија програма покрај филмската се состои од дебати и промоции на книги.

Гостувањето претставува соработка помеѓу здружението Номад-Арт од Скопје и фестивалот Докенритам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.