Документарниот филм „Кеиф“ во продукција на на „Авард филм и видео“ и во режија на Блаже Дулев, на 15 септември 2020 имаше своја проекција во рамките на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец, Албанија. По оваа проекција, филмот на 24 септември ќе биде прикажан на фестивалот за музички документарен филм „Док енд ритам“ во Белград, Србија, а во средината на октоври 2020, филмот ќе биде дел и од фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, Турција.
Покрај проекциите на „Кеиф“, на наведените фестивали „Авард филм и видео“ ќе учествува и со две ко-продукции – албанскиот игран филм „Отоворена врата“ во режија на Флоренц Папас, кој ќе се прикаже на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“ во Поградец и хрватскиот докуметарен филм „Туста“, во режија на Андреј Коровљев, кој ќе учествува на фестивалот „Док енд ритам“ во Белград.
Свое учество на фестивалот „Балкан Филм Панорама“ во Измир, ќе има и играниот филм „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.