По барање на гледачите и обожавателите на Влада Дивљан, документарниот филм „Небеска тема“, посветен на овој познат балкански музичар, три дена (на 20, 21 и 22 ноември) ќе се прикажува во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, каде што премиерно беше прикажан на 7 ноември, во рамките на филмскиот фестивал „Синедејс 2019“. Проекциите почнуваат во 20 часот, а влезниците може да се купат на билетарницата во МКЦ и онлајн преку: bileti.mkc.mk.

Сценарист и режисер на овој документарец, со елементи на игран филм, е Младен Матичевиќ. Во него учествуваат најзначајните автори од бивша Југославија, кои специјално за оваа пригода направија свои верзии на песните на Влада Дивљан.

Во филмот учествуваат: Дарко Рундек, Момчило Бајагиќ-Бајага, Светозар Цветковиќ, Зденко Колар, Александар Шандоров, Душан Страјниќ, Младен Јурчиќ Макс, Срѓан Гојковиќ-Гиле, Душан Којиќ-Која, Срѓан Шапер, Горанка Матиќ, Мома Раин, Дина, Стеван и Павле Дивљан, Ида Престер, Синиша Шкарица, Дубравка Марковиќ, членовите на бендовите „Минилинија“, „Летно кино биг бенд“, „Олд старс бенд“ и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.