Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, вeчерва во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми.
Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја пронајдат смислата на постоењето и секоја од нив се соочува со свои лични демони, обидувајќи се да ја зачува својата хуманост. Една од главните женски улоги ја игра српската актерка Мирјана Карановиќ, заедно со Даниела Ивановска и Наталија Теодосиева, а машките ликови ги играат Данчо Чеврески, Денис Абдула и Златко Митрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.