Косовскиот филм „Улиште“, дебито на режисерката Блерта Башоли, во кој и Македонија е копродуцент, влезе во потесниот избор од 15 филмови од кои ќе се изберат пет за номинација за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Американската филмска академија ја објави прелиминарната листа во 10 категории меѓу кои и за најдобар документарец и анимиран филм.
„Улиште“ е копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија. Филмот е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски, а беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2017 со 3.000.000 денари (околу 50.000 евра).
„Улиште“ во февруари освои 3 награди на фестивалот Санденс, најголемиот за независен авторски филм во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.