Македонскиот кандидат за наградата „Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје, „Сестри“ на режисерката Дина Дума, од вечерва ќе се прикажува во скопското кино „Милениум“. Кино-премиерата е закажана во 19 часот, а во 21 ќе има уште една проекција. Од утре „Сестри“ ќе биде на репертоар од 20 часот.
„Сестри“ е прв долгометражен филм на Дума. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.
„Сестри“ имаше светска премиера во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка, а македонската премиера беше на 16 септември, на отворањето на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.