Македонскиот игран филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на Фокус Покус Филмс, е добитник на главната награда на овогодинешното Works in Progress (филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, соопштија од продуцентската куќа „Фокус Покус филмс“.
Во конкуренција со уште десет селектирани меѓународни филмски проекти во фаза на пост продукција, филмот „М“ бил успешно презентиран од страна на продуцентот Дарко Попов.
Реномираното интернационално жири во состав Сајмон Пери, британски продуцент; Вања Калуџерчиќ, уметничка директорка на ИФФ Ротердам; и Хавиер Анри Рашид, сопственик на агенцијата за продажба на филмови Film Republic, се одлучи наградата за постпродукциски услуги во вредност од 12.000 евра да му ја додели на македонскиот филм. Копродукциската соработка од наградата се реализира со студиото „Слипвокер“ од Прага.
Филмот “М“ е дистописка бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус, е во потрага по својата мајка.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.
Со одлука на Агенцијата за филм на РМ, вториот филм на режисерот Вардан Тозија и третиот на продуцентот Дарко Попов, влезе во категоризацијата „дебитантски“, со што беше пролонгирана неговата реализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.