Во Конгресниот центар во Варна беше отворено 39. издание на Фестивалот на бугарски игран филм „Златна роза“. По официјалната церемонија по првпат пред бугарската публика беше прикажана копродукцијата меѓу Бугарија и Македонија „Само луѓе“ (превод од „Хомо“ – оригиналниот наслов на македонски) на македонскиoт режисер Игор Иванов – Изи.
Во рамките на фестивалот во Варна ќе се прослави 30 – годишнината од формирањето на Националниот филмски центар на Бугарија.
Пред неколку дена, филмот на Иванов беше претставен на тековниот филмски фестивал во Софија, во Националната палата на културата (НДК). Неговото претставување во киното Лумиер, го проследија многу гледачи, меѓу нив и познати претставници на културната елита и странски дипломати во Бугарија.
На крајот на Софискиот филмски фестивал, во Куќата на киното ќе биде прикажан филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.