Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и во соработка со Национална Галерија на Република Македонија во „Мала станица“ ја отвори „Годишната изложба“.


На овој најстар ликовен проект на ДЛУМ, годинава учество земаа повеќе од 70 автори, членови на Друштвото, чии ликовни дела се изработени во последната година, а ги опфаќаат сите ликовни медиуми. И оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија додели неколку награди и тоа:
Награда за скулптура на Филип Фидановски
Награда за сликаство на Игор Таневски
Награда за графика на Бурхан Ахмети
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до средина на јануари месец 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.