Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание.
Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за ќерамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија и Египет, а организира и голем број самостојни изложби. Добитник е на голем број награди.
На седницата покрај Фидановски, со тајно гласање е избран и потпретседател, Управен одбор и Уметнички совет.
За потпретседател е избрана Марјана Костојчиновска Узунчева. А дел од Управниот одбор се и членовите Златко Бојковски, Христијан Санев и Шкипе Мехмети.
За претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а останати членови на составот се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.
Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф, соопштуваат од ДЛУМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.