Разочаран сум и од првичната и од повторната распределба на сретставата во Годишната програма за култура, со која за Фестивалот на античка драма „ Стоби“, нема ни денар, вели во телефонски разговор за Телма, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Според него, сретствата во Програмата биле распределени непринципиелно, необјективно и неправично и со тоа на Велес , како еден од трите градови во Европа , каде се организираат фестивали на античка драма, му е нанесена голема неправда.
По два основи сме оштетени. Прво, затоа што не се предвидени сретства за фестивалот, а вториот основ е, затоа што и театарот во Велес , „ Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, доби многу малку финансиски сретства. И всушност како домакин на фестивалот, Велес со својот театар , не може да настапи, да направи премиерна претстава, како што тоа го правеше со години и децении на назад, вели Коцевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.