Kнижевниот фестивал „Друга приказна“ во организација на книгоиздателството Темплум годинава ќе се одржи од 03 до 05 септември во попладневните и вечерните часови во Младинскиот културен центар во Скопје. Годинава фестивалот ќе биде посветен на книжевноста за деца.
Темата на петтото по ред фестивалско издание е „Грозовилата во Страшната шума“, според истоимената книга за деца на словенечката писателка Јана Бауер. Бауер е и добитничка на главната награда на фестивалот.
’Друга приказна’ е фестивал што книжевноста ја третира малку поинаку. Детската книжевност е многу важна гранка на книжевноста, но за жал запоставена и потценета. Книжевноста за деца знае да биде екстатично добра. Некои од највеличествените книги во 20 век всушност се ‘книги за деца’. Како што умните и љубопитните деца се обидуваат да читаат книги надвор од досадните лектири, така и умните и љубопитни возрасни читатели треба да читаат ‘книги за деца’. Отвораат хоризонти, вели Никола Гелевски, главниот уредник на фестивалот,
Тродневната програма ќе биде разновидна, возбудлива и наменета за сите возрасти. И оваа година на ‘Друга приказна’ ќе има книги, музички настап, поетски натпревар, театарски претстави, работилници за деца, изложба и разговори.
‘Друга приказна’ е ретка прилика да се видат голем број наши писатели и музичари на едно место, во динамична и возбудлива атмосфера.
Конечно, алузиите содржани во насловот се обидуваат да ја дофатат и атмосферата на оваа необична пандемиска година. Фестивалот ќе се обиде да ги артикулира и освести наизглед противречните тенденции околу неа: одвоеноста и поврзаноста, куќниот карантин и страшната шума, креативноста и немоќта..
Фестивалот ќе почитува строги здравствени протоколи за одвивање на културни настани.
Фестивалот го поддржаа: ТРАДУКИ и Министерството за култура на Македонија
ФЕСТИВАЛСКА ПРОГРАМА:
Друга приказна #5
ГРОЗОВИЛАТА ВО СТРАШНАТА ШУМА
фестивал на детската книжевност
03.09.20. (четврток)
19.00. – ГРОЗОВИЛАТА ПРИСТИГНУВА ВО СТРАШНАТА ШУМА
Промоција на списанието МАРГИНА 92 (комплетно детски број);
промотор: Никола Гелевски
19.30. – Отворање на изложбата ПЕТ ГОДИНИ ДРУГА ПРИКАЗНА;
промотор: Владимир Јанчевски;
фотографии изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Драги Неделчевски Небојша Гелевски, Жарко Трајаноски и Наташа Гелева
20.00. – ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ; книжевен натпревар со творби за деца, со детско гласачко жири.
учествуваат: Румена Бужаровска, Николина Андова Шопова, Калина Малеска, Владимир Лукаш, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Билјана Црвенковска, Снежана Стојчевска, Д. А. Лори, Ана Аврамовска, Николинка Ќорвезироска, Катерина Трајановска, Ана Голејшка Џикова…; водител: Ѓоко Здравески
04.09.20. (петок)
17.00. – КАКО ИЗГЛЕДА ГРОЗОВИЛАТА?; деца ја цртаат Грозовилата;
аниматор: Доротеј Нешовски
(задолжително пријавување: nesovskidoro@gmail.com)
18.30. -ГРОЗОВИЛАТА ГО СКРОТУВА ДИВИЛОТО; разговор за книжевноста за деца во Македонија;
учествуваат: Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Ване Костуранов, Билјана Црвенковска и Марија Тодорова
20.00. – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ЈАНА БАУЕР, добитничка на главната награда на фестивалот
– Сценско-театарски ПРИКАЗ НА ГРОЗОВИЛАТА;
режија: Нела Витошевиќ
21.00. – ТEATAР НА СЕНКИ – Наш мал театар
„Заробената љубов“ (16 мин; за сите возрасти)
„Девојчето со дрвото во портокаловото кралство“ (20 мин; за публика над 6 години)
05.09.20. (сабота)
18.00. ГРОЗОВИЛАТА ПРИРЕДУВА КНИЖЕВНА ЧАЈАНКА; разговори за книги со деца;
аниматори: Билјана Црвенковска, Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска, Искра Димковска, Симона Спировска…
(задолжително пријавување: nesovskidoro@gmail.com)
20.00. Концерт: МОЈАТА ОМИЛЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА;
изведувачи: Ана Христова, Ива Дамјановски, Долорес Поповиќ, Хана Корнети, Јоана Ристеска, Џијан Емин, Оливер Јосифовски, Лепи Џони, Ненад Тонкин, Лукаш & Јовановиќ, Харикли & Лукаш, Сашко & Олег Костов, Сецко & Исак Хаџиќ, Јоана Ристеска…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.